
Сервис и резервни деловиОвластен сервис
Аутомакедонија АД Скопје е овластен сервисер на PIAGGIO Commercial во Македонија.
Сервисниот центар е комплетно опремен (со дијагностички уред, специјален алат и опрема) според строгите стандарди на PIAGGIO за одржување и сервисирање на возилата на Италијанскиот производител.
Сервисот е лоциран во комплексот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода (Бул. Борис Трајковски бр.21, Скопје), а сервисна поддршка можете да побарате и во сервисниот центар на Аутомакедонија во Битола (Новачки пат бб).
Во Аутомакедонија се употребуваат оригинални резервни делови, препорачани потрошни материјали од производителот на возилата, а инжинерскиот кадар и сервисерите ја следат континуираната обука на PIAGGIO за професионално извршување на работните задачи.