fbpx

ви треба помош?

Контактирајте не за сите Ваши потреби.

Моделот APE Classic е еден од најлегендарните претставници на палетата на PIAGGIO Commercial возила со три тркала.

Има јасно препознатлив дизајн, и изненадувачки добри перформанси, меѓу кои мора да се истакне –капацитетот на товарање од 750 кг и малите димензии кои го прават идеално товарно возило за урбан транспорт на стока и движење по тесните градски улички.

Италијанскиот дизајн и огромната мултифункционалност го прават Ape Classic идеален модел кој за неколку минути може да се трансформира во модерен кафе бар, пицерија, сендвичара, продажен киоск или штанд на тркала.

Pop-up бизнис идеја!

Одличниот дизајн ви дава можност, да добиете идеална позадина на било каков бизнис на улична продажба, од традиционални производи како што е кафе, сладолед, сендвичи и пица, до регионални и национални специјалитети или сектори како што се локалните деликатеси и етничка кујна.

Главна "фаца" на секоја забава

Функционалниот мопед на PIAGGIO веднаш ќе го препознаете, без оглед на надградбата и функцијата што сте му ја дале.

Брендот, имиџот, нишката на препознатлив италијански престиж, квалитетот и гаранцијата, се само дел од предностите кои ќе му ги подарите на Вашиот бизнис, ако го изберете Ape Classic.

Ценовник

Контактирајте ги нашите продажни консултанти?