porter deck

Piaggio Porter

Главните предности на Piaggio Porter се практичноста, компактните димензии, импресивните димензии за утовар и економичноста. Возилото може да ја заврши секоја професионална задача ефективно и ефикасно, особено ако се работи за превоз на пократки релации.

Комплетната гама на Porter одговара на денешните барања за мала потрошувачка на гориво и ниско ниво на загадување на животната средина.

Porter е уникатен производ на пазарот. Цврст како камион, подвижен и компактен како градски автомобил. Porter ги комбинира предностите на лесно комерцијално возило со капацитетот за товарање соодветен за возила од повисоките класи.

Предностите на Piaggio Porter

Koмпактна кабина

Компактната кабина поставена напред гарантира супериорни возни својства во центарот на градот и екстремно компактен радиус на вртење (помал од 4 метри). Јасна прегледност на сите пречки на патот. Ваквата поставеност овозможува и максимална корисна површина за товарање (околу 65% од должината на возилото е карго).

Челична рамка, шасија од шини

Челичната шасија претставува совршен баланс помеѓу цврстината и малата тежина. Истата нуди одличи перформанси во поглед на носивоста и силата, додека пак шасијата во форма на шини го апсорбира потресот и дава супериорна стабилност.

Во комбинација со цврстата и респонсивна суспензија, архитектурата на Porter дава одлично прилепување на патот (grip).

Моторот напред, погон на задни тркала

Моторот кај Piaggio Porter е поставен на предниот дел, а погонот одзади што обезбедува идеална дистрибуција на товарот што пак ги максимизира товарниот капацитет и маневарските спосоности на возилото на патот. Тежината на товарот овозможува поголемо прилепување на патот, додека моторот напред гарантира одржување на управливоста на возилото.

Тоа е особено важно пр возењето на лизгави површини и коловози покриени со снег или дожд.

Предности од структурата на Porter

Со оваа математика (капацитет на товарање 65% од сопствената маса) доаѓаме до носивоста на Porter од 1,1 тон.

Со врвен во класата, радиус на вртење помал од 4 метри.

Одличната архитектура и распределба на товарот го прави Porter стабилен, со одлично држење на патот и врвна управливост.

MAXXI, рекордни перформанси

Моделот MAXXI го носи Porter до нови и рекордни постигнувања. Техничките перформанси кои го издвојуваат од останатите модели се :

  • зајакнатата шасија
  • двојните задни тркала
  • диференцијалот

а тоа не носи до главните предности :

  • Kaпацитет на товарање – до 1.120 кг
  • Врвна стабилност – дури и во ситуација на максимална натовареност
  • Подобрена тракција – и држење на патот

Зајакната шасија и двојни тркала

МULTITECH EURO6 Мотор за одлични перформанси

Дизајниран да одговори на строгите Еuro6 норми на издувните гасови бензинскиот Multi Tech мотор, нуди одличен баланс на економичност и еколошки особини.

Моторот е со четири цилиндри, 1.299 ccm, 16 вентили и мотор со ланче, кој нуди подобри перформанси од неговиот претходник.

Испорачува моќност од 61 kw а вртжниот момент е 112 Nm.

Kaк таков нуди :

  • врвни перформанси,
  • помала потрошувачка,
  • мали трошоци на одржување,
  • помала емисија на гасови.
000-porter-pianale-fisso

СУПЕР Еколошки решенија

Супер еколошките Eco Solution мотори на Piaggio Porter нудат избор помеѓу моторот со зафатнина од 1.299 ccm со 4 цилиндри и двојно гориво (бензин и LPG или бензин + Метан) со електронско вбризгување базирано на Multitech Euro 6 моторот.

Покрај економичноста, овие мотори и помалку ја загадуваат средината, а во градовите во кои има ограничување на движењето, гарантираат влез на Porter.

Возилата со двојно гориво имаат и нормални по волумен резервоари за бензин, што овозможува и подолго движење пред застанување на бензинска пумпа.

Повеќе комфор и безбедност

Со повеќе софистицирани електронски системи, Porter ве чува безбедни на патот. Супериорната безбедност е осигурана од системите  ABS и системот за стабилност на контролата ESC . Во услови на итно сопирање, се активираат системите BAS и EBD со цел да спречат судар.

Комфор

Ентериерот е комотен и комфорен, што ви нуди поголема безбедност, комфор и попријатно управување. Стандардната опрема вклучува – имобилајзер, пријатен текстил, јасно распоредени инструменти, атермичко стакло за попријатна атмосфера во кабината.

Екстра верзијата

Моделите Porter и Porter Maxxi може да се порачаат и со Extra trim варијанта, која вклучува преден браник во боја на каросеријата, предни магленки, електрични прозори, радио / цд / мп3 аудио систем, електронски систем за заштита од кражба, и задни паркинг сензори .

Ценовник Piaggio Porter

ви треба помош?

Контактирајте не за сите Ваши потреби.

За повеќе информации и понуда, побарајте ги нашите консултанти