
Piaggio Ape 50
Легендарниот модел на три тркала на Piaggio, кој одлично се снаоѓа во руралните средини, а е брз и ефикасен во градскиот метеж. Ape 50 идеално ќе се вклопи во секоја работна задача, без оглед на нејзиниот обем и барања.
Палетата опремена со мотори со Euro 4 стандарди на издувната емисија, нуди широко поле на примена во областа на транспортот, особено за оние кои сакаат да ја истакнат својата практичност и уникатност.
Благодарение на новиот возбудлив изглед, комбиниран со традиционалните три тркала, од кои конфигурацијата е со погон на задните тркала, Ape 50 е природна, «off road» солуција, која се чувствува како дома на нерамни и неасфалтирани патишта.
Богат избор на конфигурации и бои
Првиот модел на Ape е класифициран како мопед.
Достапен е во :
• широка палета на варијации, со фиксиран под, затворен ван и крос конфигурации.
• нови внатрешни и надворешни комбинации на бои.
Благодарение на новиот редизајниран мотор со зафатнина од 50cc, 2 тактен мотор и новиот издув, со одличен звук, денес
Ape 50 е поеколошки и гарантира пониска потрошувачка на гориво.
Практичен и безбеден
Понатаму, предностите на Euro 4 верзијата се големи и почнуваат од изгледот, па до практичноста и безбедноста, благодарение на:
- новиот систем за сопирање кој гарантира поголем комфор и возни чувства,
- атрактивен нов инструмент панел со нови содржини,
- ЛЕД предни светла за подобра видливост и подолг сервисен живот,
- модерни, штитници од кал,
- нови надворешни / внатрешни комбинации.
Шармантен комерцијалист од Тоскана
