
PIAGGIO PORTER NP6
Новиот градски ван / камион
Дизајниран да го покрие сегментот на превоз на товар на кратки релации, новиот Porter NP6 е единственото возило во својот сегмент што подеднакво гарантира врвен капацитет на товарање, намалени димензии, врвна агилност и еколошки мотори. Понатаму, Porter NP6 е ефикасен во своите перформанси, но е истовремено и конкурентен и во цената на купување, како и во оперативните трошоци.

Сосема новиот PIAGGIO PORTER NP6 се одликува со богата можност за конфигурирање. Можете да изберете модели само на шасија кои подоцна може да се надградат согласно Вашите потреби, можете да изберете различни типови на задна осовина, опрема и бои. Со тоа возилото ја нуди комплетната флексибилност и прилагодливост само на потребите на Вашиот бизнис .

Maли димензии, компактна структура, за максимална флексибилност
Широчина на кабината : само 1.640 mm. Компактните екстерни димензии на кабината гарантираат врвна урбана агилност, лесно маневрирање дури и во најтесните улици што пак значително го штеди вашето време. Дополнително, кабината ги задоволува строгите европски норми за безбедност – ECE R29.
Koмпактната кабина го максимизира делот од возилото во кој може да се складира и превезува товар (до 60% од должината), што пак нуди необично голем простор за товарање.
Со минимална должина од 4.215 mm* ова возило е скроено за импресивно ефективен капацитет на товарање во корелација со бруто масата.
ФЛЕКСИБИЛНИ РЕШЕНИЈА, ШИРОКА ПАЛЕТА

Kaпацитетот на товарање на шасијата е до 1,6 тони, од вкупната бруто маса од 2,8 тони, што е еднакво на преку 200 кг ефективен капацитет на товарање на m².
Шасијата нуди одличен баланс помеѓу лесната конструкција и исклучителната сила, а тоа го прави товарањето и превозот лесен, дури и кога се превезува нерамномерно распределен товар и на тешки, нерамни патишта.
Затоа на шасијата на новиот PORTER можете совршено да ја спарите и надградбата – кипер.

ИЗБОР НА ДВА ЕКОНОМИЧНИ И ЕКОЛОШКИ МОТОРИ
КОМБИНИРАНИ МОТОРИ НА БЕНЗИН И LPG/CNG
Опремен со специјални бифуелни мотори (Бензин + LPG/Meтан), целата палета на Porter NP6 е еколошка.
Со избор на еколошки мотори остварувате сериозно намалување на трошоците, но особено значајно е исполнувањето на строгите стандарди за работа во урбани средини во кои се повеќе се применуваат се порестриктивни мерки за намалување на емисијата на штетни гасови.
Моторот од 1.5 литри, е со 4 цилиндри со ланче, алуминиумски блок на цилиндерот и глава, кој ги задоволува нормите Euro 6D-Final.

Зависно од намената, клиентите може да изберат еден од двата вида мотори – SHORT RANGE (со комбиниран мотор на LPG и бензин или CNG и бензин, кои имаат помал резервоар на алтернативното гориво – авто плин или метан и се главно наменети за работа во урбани средини) и LONG RANGE мотори (за оние кои на дневна основа циркулираат и надвор од урбаните средини, па им треба подолга патека – километража).
ВРВЕН ЕНТЕРИЕР И КОМФОР ВО ВОЗЕЊЕТО

Новиот PORTER има многу поатрактивна и покомфорна кабина од претходниот модел. Седиштата се ергономски, поставени на идеална висина, а воланот компактен што овозможува одлична прегледност при возењето и паркирањето.
Централната конзола со команди за клима уредот и модерен DAB Audio систем со bluetooth. Инструмент таблата е прегледна и јасна за читање.