fbpx

PIAGGIO APE Classic

Кафуле на три тркала

Легендарниот комерцијален моторцикл на PIAGGIO. моделот Ape Classic, нуди уникатен микс на препознатлива форма, изглед, дизајн и функционалност. Овој шармантен Италијанец има капацитет на товарање од 750 килограми, што го прават идеално функционален за урбани транспортни апликации, како и за мобилни продажни објекти.

Идеален за уличен локал, пицерија или бар

Благодарение на неговата екстремна флексибилност, Ape Classic претставува идеално решение за најновите трендови – како што е секторот за подготвување и продажба на храна или мобилен кафе бар.

ABC7679_montage

Лесно препознатлив, маркантен, престижен –  Ape Classic ќе понуди позадина на било каков вид на улична продажба, како што се традиционалните производи од типот на кафе, сладолед, пица, до регионални и национални специјалитети и специјални локални деликатеси и етнички кујни.

Во развиените земји, прекрасните Ape Classic – често се користат и во промотивни (маркетинг) цели, кога брендирани циркулираат во урбани средини и ја пренесуваат пораката до таргетираните купувачи.

Својства кои го издвојуваат Ape Classic :

• Маркантна и обновена предница,

• Нов, понапреден и практичен инструмент панел и табла.

• Нови еуро 4 мотори кои нудат подобрени перформанси и напредни спецификации пријателски настроени кон природата и воздухот.

LAF6250