fbpx

Аутомакедонија и Piaggio Commercial

Аутомакедонија е една од најголемите компании во нашата земја, основана во далечната 1947 година и специјализирана во автомобилската индустрија. Аутомакедонија има повеќе од 90 вработени, располага со комплетна инфраструктура – изложбено продажни салони, сервисни центри, магацини и деловни центри.

Во 2019 година, компанијата потпиша договор со PIAGGIO Commercial со што стана овластен увозник, дистрибутер и сервисер на комерцијалните возила од оваа марка со три и четири тркала.

Изложбено продажниот салон на Аутомакедонија за Piaggio Commercial е лоциран во комплексот во населбата Кисела Вода во Скопје (бул. Борис Трајковски 21) каде е сместен и сервисниот центар на Аутомакедонија овластен за одржување и сервис на овие возила.

Возила, сервис и делови

Во продажно сервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода во Скопје можете да :

  • Набавите нови возила од гамата на Piaggio Commercial
  • Направите старо за ново
  • Добиете финансирање
  • Направите сервис и обезбедите оригинални делови
  • Направите технички преглед, регистрација и извадите полиса за осигурување

Контактирајте не за сите Ваши прашања, барања и потреби поврзани со возилата на Piaggio Commercial.

Нашите професионалци ви стојат на комплетно располагање