Претставен новиот PIAGGIO Porter NP6

Италијанскиот производител на комерцијални возила, го претстави на јавноста сосема новиот PIAGGIO Porter, кој наскоро се очекува да пристигне и во нашата земја. Новиот Porter e компактен, флексибилен и идеален за секојдневна употреба во урбаните средини.

Може да се избере во фабричка изведба – како шасија, комерцијално возило со отворен товарен сандак или кипер, а во земјата може да се надогради и со други видови на надградби (согласно потребите и желбите на клиентите).

Има компактна кабина со мала широчина и одлична прегледност за возачот, кои го прават лесен за управување, маневар и движење по тесните урбани улици.

Новиот Porter можете да го добиете и со неколку меѓуоскини растојанија, како и со задна оска на која може да бидат поставени единечни или двојни тркала (за поголем капацитет на товарање).

Два еколошки мотори, комбинација на бензин и LPG или бензин и CNG

Eдна од главните предности на новиот Porter ќе биде и изборот на економични и еколошки мотори, кои ги задоволуваат строгите Euro6 Final, норми кои претставуваат модерна комбинација на бензински и LPG (aвто плин) или CNG (метан) мотор. Зависно од видот, големината и капацитетот на изминати километри на алтернативниот резервоар (плин или метан) моторите може да бидат со краток или долг досег (Short range – Long range).

Ентериерот е модерен, седиштата ергономски, инструментите прегледни и едноставни за следење, во возилото има клима уред како и DAB аудио систем со bluetooth конекција за безгрижно поврзување и разговор на мобилен телефон.

За повеќе информации – побарајте ги нашите продажни консултанти, во салонот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода.